19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ја совлада Оклахома (видео)

Реал ја совлада Оклахома (видео)

реал-коса

Кошаркарите на Реал Мадрид во спектакуларен натпревар забележаа победа против Оклахома Сити Тандер. Мечот во Мадрид беше решен во дополнителните пет минути и заврши со резултат 142:137. Триумфот над Оклахома е втор за Реал против една НБА екипа, откако пред девет години славел над Торонто Репторс.

Реал, во втората четвртина, во еден период имаше негатива од 22 поени, но до крајот трпеливо ја топеа предноста на НБА тимот, а Љуљ со неверојатна тројка во последната секунда го однесе мечот во дополнителните пет минути.

Бекот на Реал натпреварот го заврши со 22 поени, а интересно постигна тројки со звукот на сеирената на крајот од втората, третата и четвртата четвртина.

Најефикасен кај Реал беше Џејси Керол со 24 поени, а Отело Хантер забележа 19 поени и пет скока.

Кај Оклахома Виктор Оладипо уфрли 34, а Енес Кантер 29 поени. Најдобриот играч на Оклахома, Расел Вестбрук постигна 18 поени, сите во првото полувреме, во вториот дел и продолжениеот не влегуваше во игра.

Во рамки на својата претсезонска турнеја Оклахома в среда ќе игра против Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП