26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолна сала за продолжување на победничката серија на Вардар

Полна сала за продолжување на победничката серија на Вардар

polna-sala

Мешков Брест, белорускиот шампион, е единствениот тим кој од почетокот на новата сезона успеа да остане непоразен во дуелот со ракометниот шампион на Македонија, Вардар. Во СЕХА лигата, Белорусите освоија бод со гол од седмерец по истекот на времето, а во сабота ќе му гостуваат на Вардар во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Вардар се во пеколен ритам, константно ја креваат формата, а со она што го покажуваат на теренот, уште од самиот почеток на сезоната најавуваат високи дострели.

Вардарци пред четири дена со убедлива победа кај Кристијанштад ја отворија сезоната во Лигата на шампионите, а можност за втор триумф во елитата ќе имаат в сабота кога во Скопје ќе им гостува Мешков Брест.

Белорусите се единствените кои од почетокот на сезоната останаа непоразени во пресметката со Вардар.

„Играме добро, сите уживаат кога го гледаат нашиот тим. Двапати имаме играно против Брест, загубивме на подготвителниот турнир таму, потоа ремизиравме во СЕХА лигата, кога имавме потешкотити бидејќи тоа е тим со добри играчи. Играат добро во одбраната, имаат високи играчи, играат паметно, максимално ги користат контранападите. Очекувам добар меч, ако сакаме да победиме треба да бидеме фокусирани 100 отсто“, рече на прес конференцијата вардаровиот тренер Раул Гонзалес.

Шпанскиот стратег во четвртокот со своите играчи ќе го анализира Мешков Брест. Тој вели дека нема премногу да ги оптоварува играчите со тренинзи, бидејќи во средата тие играа против Горење, во СЕХА лигата, натпревар во кој капитенот Стоилов постигна пет голови.

„Ние сме во добра позиција, играме добро, атрактивно…сé оди како што треба, но не треба да ‘летаме’ многу. Треба да бидеме мирни, да стоиме цврсто на земја, со ладни глави да го пречекаме Брест. Треба да покажеме дека ремито во СЕХА против нив беше само наш лош ден. Очекувам полна сала, се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број за нашиот прв меч во Лигата на шампионите, рече Стоилов.

Дуелот Вардар-Мешков Брест, в сабота од 17:30 часот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП