3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМаневски, Ганији, Мисиркова и Клинче добитници на наградата „11. Октомври“

Маневски, Ганији, Мисиркова и Клинче добитници на наградата „11. Октомври“

faca 39393933

Ликовниот уметник Благоја Маневски, писателот и новинар Раим Ганији, пијанистката Елена Мисиркова и актерот Атила Клинче, се добитници на наградата „11-ти Октомври“, која им се доделува за животно дело.

Одборот за доделување на државната награда „11-ти Октомври“, согласно Законот за државните награди донесе одлука за доделување на државната награда „11-ти Октомври“ во 2016 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на Благоја Маневски, ликовен уметник, Раим Ганији, писател и новинар, Елена Мисиркова, пијанистка и на Атила Клинче, актер.

Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2016 година, во вторник, во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП