27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипарскиот Парламент изгласа закони побарани од меѓународни кредитори

Кипарскиот Парламент изгласа закони побарани од меѓународни кредитори

k

Кипарскиот Парламент изгласа четири од петте предлог-закони, побарани од меѓународните кредитори во замена за финансиска помош за излез на островот од кризата.

Усвоените четири закони вклучуваат зголемување на корпоративниот данок од 10 на 12,5 отсто, зголемување на таксата врз каматите по депозитите од 15 на 30 отсто, зголемување на таксата врз банкарските зделки од 0,11 на 0,15 отсто и зголемување на даноците врз потрошувачката.

Идната седмица Парламентот ќе треба да усвои предлог-закон за државните службеници и регулативите во здравството.

Високиот законодавен орган на земјата го усвои и предлогот, поднесен од владејачката партија ДИСИ, да се замрзнат вработувањата во државниот сектор. Предлогот бил поддржан од сите партии со исклучок на опозициската АКЕЛ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП