26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталија со Балотели во Скопје

Италија со Балотели во Скопје

balo444

Марио Балотели по пауза од две години се враќа во репрезентација на Италија, пренесува Skay Sport.

Истиот извор објави дека новиот италијански селектор Џанпјеро Вентура го повикал контроверзниот напаѓач за квалификациските натпревари кои Италија во октомври ќе ги одигра против Шпанија и Македонија.

Некогашниот напаѓач на Интер, Манчестер Сити, Ливерпул и Милан, оваа сезона го носи дресот на Ница и се обидува да ја оживее својата кариера.

Балотели за новиот тим веќе има постигнато четири гола, што не му успеало во изминатите две години.

Контроверзниот напаѓач за Италија има одиграно 33 натпревари и има постигнато 13 голови. Тој во 20102 година беше еден од најзалужните за пласманот на Италија во финалето на ЕП, а последен пат за националниот тим настапил на Мундијалот во 2014 година, во Бразил, кога Италија не успеа да ја мине првата фаза.

Италија во Скопје ќе гостува на 9.октомври, откако претходно на 6.октомври ќе ја пречека Шпанија, во дербито во Г групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП