12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПо година обновување за јавноста ќе бидат отворени славните Шпански скали во...

По година обновување за јавноста ќе бидат отворени славните Шпански скали во Рим

spanski-skali

Прочуените Шпански скали, една од најголемите знаменитости и туристички атракции на италијанската престолнина Рим, во петокот ќе бидат отворени за јавноста по нивното обновување кое траеше речиси една година.

Мермерните скалила ќе бидат отворени и преку ноќта, иако многумина се загрижени дека тоа потенцијални ќе нанесе дополнително оштетување на еден од архитектонските бисер на Вечниот Град.

„Скалилата нема да бидат затворени ноќе. Мислам дека е фундаментално луѓето да имаа пристап… и да одговараат за она што им прават“, изјави новата градоначалничка на Рим, Вирџинија Раги.

Шпанските скали, коишто посивеа од долгите години изложеност на загадениот воздух беа преполни со залепени гуми за џвакање и дамки од кафе и вини, во нивниот изворен облик ги врати група од 82 работници.,

Обновувањето на оваа римска знаменитост, која се прослави во светот особен по филмскиот хит „Празник во Рим“ од 1953 година со легендарните Одри Хепберн и Грегори пек во насловните ролји, чинеше 1,5 милиони евра, а го финансираше познатиот бренд „Bulgari“. Еден од челниците на компанијата,Паоло Булгари, е еден од оние кои се загрижени дека „варварите ноќе ќе се вратат на скалилата“, во чие подножје е најпознатата јувелирница во Рим.

Во февруари минатата година навивачите на Феенорд од холандски Ротердам, кој во италијанскиот главен град допатуваа поради натпреварот со Рома, ја уништија фонтаната во подножјето на скалилата која римјаните ја нарекуваат La Barcaccia (стар чун).

„Градот се обврзува дека скалилата ќе бидат одржувани во новиот сјај што е подолго можи и дека ќе ги спречува вандалите“, порача градоначалничката Раги.

Шпанските скали се состојат од 135 басамаци на три нивоа. Ги проектирал архитектот Франческо де Санктис меѓу 1723 и 1726 година. Ги поврзуваат Шпанскиот плоштад (Piazza di Spagna), во подножјето со црквата Тринита дел Монте на врвот.

Тоа последното во низата обновувања на римските знаменитости кои ги финансираат приватни донатори, најчесто од секторот луксуз. Првата фаза на обновувањето на римскиот Колосеум беше завршена во јуни, а проектот го финансираше производителот на кожна галантерија „Tod’s“. Римската модна куќа „Fendi“, пак, го плати деталното чистење на не помалку славната Фонтана ди Треви, коешто траеше 16 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП