3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕдноставна навика која може да го спречи лошиот утрински здив (видео)

Едноставна навика која може да го спречи лошиот утрински здив (видео)

89068143757e392375e94b628828842_v4 big

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни…

Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.

Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.

Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.

Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.

Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП