13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија нема да печати пари за покривање на буџетските дупки

Русија нема да печати пари за покривање на буџетските дупки

medvedev rusija

Русија нема да почне да печати пари за да го поттикне економскиот раст, и нема да дозволи популизмот да го диктира буџетот, порача рускиот премиер Дмитриј Медведев во новински текст објавен денес.

Во својот прв економски осврт по неделните парламентарни избори, премиерот Дмитриј Медведев ветува дека ќе ја одржи контролата над буџетот, но и дека ќе води грижа за сигурноста и социјалните потреби.

„Не можеме да дозволиме популизам…. особено не во буџетот“, пишува Медведев во статијата под наслов „Созијално-економси развој на Русија: стекнување нова динамика“ објавена во економскиот магазин напиша Вопросы экономики, во којашто премиерот уште пишува дека за развојот на економските политики на земјата „важно е не само да се формулира што треба да се направи, туку исто така, што владата треба да избегнува“.

„ Гледам две ограничувања коишто треба да се имаат предвид при реализација на курсот на структурните реформи и економскиот раст: популизмот, од една страна, и спроведување на реформите за сметка на граѓаните, од друга. Првото е опасно и, во крајна линија, доведува до второто, бидејќи популизмот секогаш го плаќа народот.

Меѓутоа, за природата на потребните реформи во овој момент не треба висока социјална сметка, (за разлика од 1990-те години)“, пишува премиерот.

Претходно група економски експерти блиски на Кремљ, ја повикаа владата да ја зголеми потрошувачката за да помогне руската економија да излезе од рецесија. Русија е две години под притисок на западните санкции поради нејзината наводна улога во судирите во Украина, и значителниот пад на цената на нафтата, нејзиниот најважен извозен производ, па предвидува оваа година пад на бруто домашниот производ (БДП) за 0,5 отсто.

На неделните избори, партијата Единствена (Обединета) Русија, партија на премиерот Дмитриј Медведев и на претседателот Владимир Путин, освои 76 отсто од местата во Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, повеќе отколку во 2011 година, кога имаше малку на половина од мандатите.

„Нема да тргнеме по патот на активирање на машините за печатење неурамнотежената економија, бидејќи тоа носи катастрофални последици. Ако нема пари во буџетот, нема да ги печатиме за да ги покриеме недоволните приходи. Сите разбираме дека таквите пари, произведени само од хартија, ја хранат инфлацијата и ја девалвираат заработката, платите и пензиите на луѓето“, пишува Медведев.

Руското министерство за финансии предложи во периодот од 2017 до 2019 година државната потрошувачка да се замрзне на годинешното ниво, што би значело намалување на потрошувачката кога ќе се земе предвид инфлацијата. Годинешниот буџетски дефицит, првично планиран на ниво од 3 отсто од БДП-то, сега се проценува дека ќе достигне 3,2 отсто. Во претстојните години министерството планира негово намалување за 1 процентен поен.

Медведев натаму во текстот истакнува и дека проблемот на економскиот раст не може да се реши само со државни пари, а како главни приоритети на владата ги наведува сигурноста, вложувањата и човечкиот капитал, помошта за најранливите категории граѓани и инфраструктурата. „Буџетската структура треба тоа да го одразува“, напомнува рускиот премиер.

Додава и дека и покрај геополитичките услови, земјата треба да тргне кон економското отворање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП