9 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие вкусни закуски нема да ви донесат ниту килограм повеќе

Овие вкусни закуски нема да ви донесат ниту килограм повеќе

191246472457e146c40f5b5077120319_w640

Ви подготвивме листа со вкусни и диетални закуски кои можете да ги јадете кога ќе посакате…

Во моментите кога ни е најважно да бидеме фит, се одрекуваме од слатките и солени задоволства, но кога ќе не притисне гладта најчесто подлегнуваме на притисокот. Што да каснете меѓу оброците, а да не и наштетите на вашата диетална исхрана?

Ова се неколку иделани закуски кои ќе ви ја скротат гладта во деновите која сте на диета и ужасно ви се јаде:

1. Банана во топено чоколадо: Половина банана натопете ја во топено црно чоколадо и уживајте

2. Една поголема шолја грозје

3. Шолја јогурт со мед и малку цимет

4. Еден портокал

5. 2-3 тркалца ананас од конзерва или пак свеж

6. Шолја од било кое бобичесто овошје (јагоди, малини, боровинки) со 2 лажици шлаг

7. 4 Суви смокви

8. Една штангла црно чоколадо

9. Чаша (не преполна) чоколадно млеко

10. Шолја полна јагоди и малини прелиена со сок од портокал

11. Мала чинија пудинг од чоколадо

12. Пет големи јагоди прелиени со две коцки топено црно чоколадо

13. Безалкохолен коктел од тропско овошје: Во чаша издробете мраз, сок од ананас, сок од јаболки и сок од портокал.

14. Банана шејк: Наполнете половина шолја со ситно сецкана банана, четвртина јогурт и додадете малку мелен лед. Мешајте додека смесата не стане хомогена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП