19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежен институт Македонија АД Скопје стана доминантен акционер во фабрика Карпош АД...

Градежен институт Македонија АД Скопје стана доминантен акционер во фабрика Карпош АД Скопје

gi

Градежен  институт Македонија АД Скопје стана доминантен акционер во фабриката Карпош АД Скопје, а брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје  доби дозвола да дејствува и како покровител при котација, соопшти денеска Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

– Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на денешната седница донесе Решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на акции издадени од фабриката Карпош АД Скопје, а дадена од Градежен институт Македонија АД Скопје. Врз основа на оваа понуда, Градежен институт Македонија АД Скопје се стекна со вкупно 85.679 обични акции, кои обезбедуваат учество од 28,64 отсто од акциите со право на глас од фабриката Карпош АД Скопје. Имено, понудата за откуп ја прифатиле 34 сопственици на обични акции. Со ова, условот за успешност на понудата за откуп од 11 отсто од обичните акции издадени од Фабрика Карпош АД Скопје е исполнет. Понудувачот ги откупи хартиите од вредност по цена од 180 денари за една акција, се наведува во денешното соопштение од КХВ.

Со хартиите од вредност што ги стекна со оваа понуда и акциите кои ги поседуваше пред давање на истата, Градежен институт Македонија АД Скопје располага со 53,64 отсто од вкупниот број издадени акции.

Во соопштението се додава дека на барање на Иново Брокер АД Скопје, а по спроведена вонредна контрола на кадровската, техничката и организационата оспособеност на брокерската куќа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја прошири дозволата за работење  со хартии од вредност на Иново Брокер АД Скопје и дозволи  да дејствува и како покровител при котација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП