21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа работа сите жени ја прават под тушот, а таа двојно го...

Оваа работа сите жени ја прават под тушот, а таа двојно го зголемува ризикот од појава на рак

114399_tusiranje-profimedia0088340860_630x0

Поголемиот дел од жените ја поседуваат оваа навика, а притоа веројатно не се ниту најмалку свесни дека го загрозуваат своето здравје.

Ако под туш редовно ја испирате и вагината, значајно ги зголемувате своите шанси да добиете човечки Папилома вирус (HPV) кој може да доведе до појава на рак!

Под испирање на вагината се подразбира главата на тушот да биде насочена кон вагината и притоа добро да ја испирате. Поголемиот дел од жените всушност мислат дека со тоа се ослободуваат од непријатните мириси, но всушност само се доведуваат во потенцијално опасна ситуација. Вистина е дека вагината кај жените, после цревата, содржи најголем број на бактерии, но тие се тука со добра причина!

114016_vagina-profimedia0159640236_630x0

Повеќето медицински експерти дури и строго го забрануваат ова бидејќи вагината сама се чисти, а со нејзино испирање само може да ја пореметите рамнотежата на бактерии, што понатаму може да предизвика абнормален раст на ткивата и многу други промени кај клетките кај грлото на матката.

Едно истражување спроведено на универзитетот во Тексас покажало дека испирањето на вагината двојно го зголемува ризикот за добивање на рак на јајници, а истражувањето било спроведено над 1.271 жени на возраст помеѓу 20 и 49 години.

„Вагината содржи повеќе бактерии од било кое друго место на телото и бактериите се тука со добра причина. Не можам да замислам ситуација во која нејзиното плакнење би било корисно, бидејќи на тој начин девојките испираат се што е во вагината, вклучувајќи ги и здравите бактерии“, заклучува професорот Рони Ламонт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП