23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботењето од дома ви создава стрес и предизвикува караници

Работењето од дома ви создава стрес и предизвикува караници

work12

Иако примарна цел на оние луѓе кои прифаќаат да работат од дома им е поминувањето на поголемиот дел од времето со своето семејство, како и заштеда на некој денар на сметка на превозот и храната, сепак, последните истражувања докажуваат дека е неопходно да излегувате од дома за да ги наполните батериите и да ги избегнете непотребните кавги и недоразбирања.

Институтот „Rensselaer Polytechnic“ од Њујорк открил дека работата од дома исцрпува повеќе од онаа на работното место. Нивната цел била да го докажат стресот при мешање на приватниот и професионалниот живот.

Докажано било дека четири од пет работници кои имаат работно место надвор од домот, се чувствуваат лошо затоа што не можат да ги ускладат семејните и работните обврски, а оние кои работат од дома се во уште полоша состојба.

Нивниот најголем проблем се куќните обврски, кои не стигнуваат да ги завршат иако се дома, како и караниците со домашните, поради долгиот период поминат заедно во истиот простор.

Колку повеќе домашните проблеми и караници се мешаат со работните обврски, толку поголем е стресот врз лицето кое работи од дома. Па така, иако технологијата овозможува работење од дома, сепак треба да убаво да се размисли дали е паметно да се одбере ваква опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП