29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФрум, Вигинс, Квитова користеле забранети лекови

Фрум, Вигинс, Квитова користеле забранети лекови

vigins frum33

Руските хакери, односно групата која се нарекува „Fancy Bears“, објави уште дваесетина документи на познати спортисти, на кои Светската анти-допинг агенција (WADA) им дозволила да користат забранети супстанци. Во најновите документи се наоѓаат имиња на десетмина Американци, петмина Британци и Германци и по еден спортист од Данска, Полска, Чешка, Романија и Русија.

Најзвучни имиња се оние на најтрофејниот британски вепосипедист, олимпиецот Бредли Вигинс, потоа трикратниот шампион на Тур’д Франс Крис Фрум и тенисерките Петра Квитова и Бетани Матек-Сандс.

На списокот кој го објавија руските хакери има имиња на 11 спортисти кои освоиле медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а се споменува и името на шампионот од Лондон, во фрлање диск, Роберт Хартинг.

Вигинс, наводно, неколку пати во периодот од 2008 до 2013 година, добил дозвола да користи забранети супстанци. Според документите една од супстанците која ја употребувал е триамцинолон ацетонид, која ја користат лицата кои се алергични на полен.

Фрум, добил дозвола да го користи забранетиот стероид преднисолон во текот на 2013 и 2014 година, а француските медиуми објавија дека тој забранетиот лек го користел поради настинка.

Хакерската група „Fancy Bears“ влегла во системот на WADA, а првите документи кои ги објави беа поврзани со сестрите Вилијамс и гимнастичарката Симон Бајлс.

Руските  хакери тврдат дека TUEs (дозвола која и се издава на спортистите да користат забраните лекови, како дела од терапија) во суштина е „дозвола за допинг“, односно дека WADA е корумпирана и организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП