15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈубилејно 15-то издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“

Јубилејно 15-то издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“

stobi drama00

Во сабота, 17 септември, со изведбата на претставата „Медеја“ од Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов, а во продукција на ФАД Стоби свечено ќе биде отворен 15-от Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ“.

На 18 септември, студентите од ЕСРА во класата на проф. Мето Јовановски ќе ја изведат испитната претстава „Животот е магичен круг“. На 19 септември, на програмата на фестивалот е претставата „Тројанки“ на Драмскиот театар од Казахстан, а на 20 септември „Херострат“ на Театарот од Ниш, Србија.

Претставата „Жени од подземјето“ во продукција на ФАД Стоби е на 20 септември, а на 23 ти настапува Театарот од Охрид со „Парламентарки“. Театарот „Сфумато“ од Софија, Р. Бугарија, на 24 септември ќе ја изведе претставата „Медеја, мајка ми“, а на 25 септември е последната претстава од натпреварувачкиот дел „Антигона и Креонт“ во копродукција на „Театарот на навигаторот Цветко“ и „Кино Култура“. На свеченото завтворање на фестивалот, на 26 септември, а во чест на наградените, ќе биде изведена претставата „Тесната, бесната и лесната“, во продукција на ФАД Стоби.

За четирите награди на фестивалот (за најдобра машка и женска улога, режија и претстава) ќе одлучува стручната жири-комисија во состав: Катерина Коцевска-актер, Атила Клинче-актер и Деан Дамјановски-режисер.

Сите претстави на фестивалот се со почеток во 20 часот, а билетите за истите ќе бидат пуштени во продажба од четврток, 15 септември, на билетарницата на Театар „Џинот“ Велес по цена од 100 денари.

Фестивалот е поддржан од Општина Велес и Министерството за култура на Р. Македонија, како и од досегашните партнери и медиумски покровители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП