4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes продаде 4 милиони SUV/кросовер автомобили

Mercedes продаде 4 милиони SUV/кросовер автомобили

prokrosover suv

Германскиот производител на луксузни автомобили објави дека заклучно со август 2016-та ширум светот има испорачано 4.000.000 SUV/кросовер возила.

Иако не сите љубители на автомобили се среќни поради експанзијата на „SUV“ моделите, времето покажа дека овој вид на автомобили и тоа како добро поминуваат кај купувачите. Потврдата за тоа е и овој разултат на „Mercedes“ кој својот прв „SUV“ автомобил, „ML“, го претстави во 1997-ма година.

Гамата на таканаречени урбани теренци во меѓувреме е проширена на шест модели, вклучувајќи го и компактниот „GLA“, како и два купе-кросовери („GLE Coupe“ и „GLC Coupe“).

„Mercedes“ во својот најнов извештај за продажбата на автомобили соопшти дека од 156.246 возила кои биле испорачани ширум светот во август, дури 56.286 биле SUV/кросовер модели, а најбарани биле „GLA“ и „GLC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП