1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛицата кои ќе преживеат карцином во детството живеат подолго и поздраво

Лицата кои ќе преживеат карцином во детството живеат подолго и поздраво

deca

Лицата коишто ќе преживеат карцином во детството живеат подолго и поздраво поради подоброто лекување и следење, покажа една британска студија.

Проучувајќи ги податоците собирани во текот на 60 години за речиси 35.000 луѓе кои имале карцином во детството, научниците откриле севкупен пад на стапката на смртноста и помала смртност од самиот карцином или од последиците на лекувањето.

До времето кога би влегле во 60-те години од животот, проблемите со циркулацијата, како што се кардиоваскуларните заболување, биле најголемиот причинител за смртта во оваа група, исто како и за остатокот од популацијата.

„Значително се подобрило преживувањето по речиси сите специфични типови карцином кај децата“, вели за Reuters водечката авторка на студијата Миранда Фидлер од Универзитет во Бирмингем.

Тоа се подобрувања кои се поврзувани со развојот од лекувањето, како што се хемотерапијата, воведена околу 1970 година, и пресадување со коскената срцевина, развиено околу 1990 година, вели Фидлер.

За да се истражат податоците за здравје со лицата кои преживувале податоците во детството, научниците анализирале податоци за 34.489 лица на коишто им бил дијагностициран карцином меѓу 1940 и 2006 година и кои го преживеале.

Проучувајќи ги националните регистри, научниците дознале колку долго живеат овие пациенти и од што на крајот починале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП