26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлескаво деби на Балотели

Блескаво деби на Балотели

балотели

Контроверзниот напаѓач Марио Балотели имаше нестварно деби за својот нов тим, Ница. Балотели постигна два гола во дербито на Азурниот брег, против Олимпик Марсеј, во кое Ница победи со 3-2.

Балотели доби стоечки овации кога истрча на стадионот во Ница, а тој на своето деби навивачите ги почести со два гола. Првиот го постигна во седмата минута од пенал, за водство на неговиот тим од 1-0, а вториот во 78.минута кога израмни на 2-2.

„Конечно третман каков заслужува“, напиша Ница на клупскиот Твитер профил за пречекот на Балотели.

По првиот гол на Балотели, голови за Марсеј постигнаа Тован и Гомис од пенал, а трите бода за Ница ги донесе Беланда на две минути пред крајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП