10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРоманите на Венко Андоновски преведени на руски и хрватски јазик

Романите на Венко Андоновски преведени на руски и хрватски јазик

vence

Неодамна, во Москва излезе од печат романот „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, во рамките на едицијата „Сто најдобри романи од словенските книжевности“, а во издание на Серуската библиотека за странска книжевност.

Преводот е на Олга Панкина. Промоцијата на книгата ќе биде на Саемот на книгата во Москва, од 7 до 11 септември.

Претходниот роман на Андоновски, преведен на руски, „Папокот на светот“ ја освои руската годишна меѓународна награда „Југра“, за најдобар роман од јужнословенските книжевности преведен на руски.

Во Загреб, пак, издавачот „Алгоритам“ го објави на хрватски македонскиот бестселер на Андоновски, „Вештица“, во превод на Борислав Павловски, а со поговор на Милан Кундера. Во поговорот Кундера вели дека станува збор за „сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните постапки го радува читателот“, како и дека тоа е „голем роман за Европа“.

Андоновски е ексклузивен автор на издавачот „Табернакул“ од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП