3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Русија порасна за 2,3 %

БДП на Русија порасна за 2,3 %

rusija4

Бруто домашниот производ на Русија во март се зголеми за 2,3 проценти во споредба со истиот период од минатата година, изјави заменик-министерот за економски развој Андреј Клепач.

Исчистен од сезонските и календарски влијанија, растот на руската економија, според проценката на министерството, изнесува 0,5 проценти на месечно ниво, пренесува Финмаркет.

-Во целина март беше добар месец, смета Клепач. Според неговите зборови во март позитивен тренд покажаа индустријата, инвестициите и малопродажбата.

Клепач изјави дека е дефинирана и годишната динамика на БДП во првите два месеци. Според ажурираните податоци, БДП во февруари е намален за 0,4 проценти, во однос на февруари 2012 година.

За првиот квартал во целина, Министерството за економски развој проценува раст на БДП од 1,1 процент на годишно ниво. Во првите три месеци од минатата година БДП на Русија е зголемен за 4,8 проценти, во споредба со 2011 година.

По првиот квартал рано е да се зборува за тенденциите на годишното движење на економијата, вториот квартал ќе биде подобар показател, процени заменик министерот.

Министерството за економски развој неодамна ја намали прогнозата за раст на БДП на Русија за оваа година на 2,4 проценти, од претходно проценетите 3,6 проценти.

Во 2012 година, економијата на Русија се зголеми за 3,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП