3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus LC500 се покажа помоќен

Lexus LC500 се покажа помоќен

leksi 000

„Toyota“ продолжува да е еден од ретките производители кои се уште се противат на масовното навлегување на турбо-моторите. Нејзината марка „Lexus“ исто така поддржува слична насока, така што се обложува на атмосферски мотори за своите модели. Еден од нив е моделот „LC500“, кој е опремен со 5,0-литарскиот V8 агрегат од спортскиот седан „GS F“ и „RC F“.

Автомобилот беше презентиран за време на автосаемот во Детроит во јануари оваа година, беа  објавени техничките карактеристики – моќност од 467 КС и 527 Нм вртежен момент. На пазарот сепак моделот ќе се појави со мали промени, соопшти еден од топ-инженерите на марката Коџи Сато за „Motor Authotity“.

Според него моторот бил модернизиран во периодот меѓу официјалното претставување на моделот и неговото ставање во промет. Променети се индукцијата и издувниот системи, а крајниот резултат е зголемување на показателите до 471 КС и 540 Нм.

Сато додава дека хибридот „LC 500h“ не е изменет. Оваа верзија е опремена со агрегат „Multi Stage Hybrid System“ кој обединува 3,5-литарски V6 со моќност 299 КС и два електромотори. Моќноста на хибридот е 359 КС.

Во „Lexus“ сепак не отфрлиле целосно идејата за поставување на турбо-мотор на своите модели. Компанијата ќе го користи новиот V6 мотор со турбо и моќност од 400 КС, кој ќе дебитира во новата „Toyota Supra“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП