19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајагресивниот модел на BMW M5 досега

Најагресивниот модел на BMW M5 досега

haman

Секоја нова генерација од моделот „BMW M5“, компанијата „Hamann“ ја модификува според вкусовите на своите клиенти. Ни последнта генерација не ја прескокна познатата германска работилница. „Hamann Motorsport“ во новото возило на баварскиот гигант го вгради долгогодишното знаење и искуство, а резултатот е повеќе од атрактивен.

Експертите во „Hamann Motorsport“ сметаат дека новиот M5 има прилично конзервативен дизајн и дека не изгледа така како што тоа се очекува од автомобил со така одлични карактеристики. Па затоа овој моќен седан го подготвија да биде единствен.

haman1

Се почнува со предниот дел на автомобилот каде најпрво се приметува агресивно дизајнираниот браник со интегрирани дневни LED светла. Браникот на двете страни на автомобилот е проширен по три сантиметри и претставува почеток на атрактивниот бодикит. Експертите особено внимание посветија на масата на автомобилот, па затоа сите делови се изградени од карбон и на вкупната тежина се додадени само 6.4 килограми (преден браник, прагови, крила и заден браник).

haman2

Во задниот браник е интегриран дифузор за воздух и атрактивен издувен систем. На багажникот се наоѓа спојлер, како и над задното стакло. Клиентите можат да изберат една од двете понудени теми на дизајн. Стандардната „Anniversary Evo Hyperblack“, а повисокото ниво на модификација се нарекува „Unique Forged Formula“. Пневматиците имаат ширина од 265 милиметри на предните тркала и 305 на задните, а нивни производител е „Vredestein“.

И ентериерот на автомобилот претрпе одредени промени. Како што можеше да се очекува внатре се наоѓаат крабонски детали, алуминиумски ножни команди, кожни облоги во боја на каросеријата.

haman3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП