Најголемите банки во светот го притискаат британскиот премиер Тереза Меј да склучи привремен договор со Европската унија за финансиските компании, пред да започнат официјалните преговори за излегувањето од Унијата, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.
Привремената спогодба ќе има за цел да се задржи можноста банките да продаваат слободно услуги и производи во ЕУ пред крајот на двете години официјални преговори, велат изворите, кои побарале анонимност поради доверливост на информациите. Маневрот може да се покаже нереален, бидејќи европските лидери, вклучувајќи ја германската канцеларка Ангела Меркел, повеќе пати изјавуваше дека нема да се одржат неформални разговори.
„„Нашиот принцип на никакво известување, никакви преговори“, постои, за да се бранат оние кои остануваат заедно, а не оние кои си заминуваат“, напиша претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на „Twitter“ во четвртокот. „Нема да се откажеме“.
Ако не биде усвоен специјален статус, тоа може да предизвика големи меѓународни инвестициски банки да започнат преместување на вработени и активноста од Британија кон други места во ЕУ во рамките, откако Меј ќе го активира Член 50 од Лисабонскиот договор.
„Колку пократка е временската рамка, толку поверојатно е да бидат превземени несакани решенија. Без одложување на овие решенија некои компании може да почнат да аплицираат за банкарски лиценци, барајќи регулаторни одобренија и обезбедувајќи си канцелариски простор на други места, без разлика дали Член 50 е активиран“, вели Ендрју Греј, раководител на „Brexit“ за британските финансиски услуги во „PricewaterhouseCoopers“.
И покрај кризата во 2008-ма година и последователната рецесија, финансиските услуги остануваат водечки во британската економија, формирајќи околу 10% од неа и обезбедувајќи 2 милиони работни места во целата земја.
И додека некои европски земји веќе се обидуваат да ги намамат банките од Лондон кон финансиски престолнини при реализација на „Brexit“, многу од операциите на најголемите регионални кредитори во Лондон може сепак да направат проблеми.
Главниот извршен директор на „Deutsche Bank“, Џон Крајан рече оваа недела дека Лондон ќе остане главниот финансии центар во следната деценија, а банката разбира дека многу од нејзините клиенти и трговски операции се базирани таму.
„Преодниот период ќе се создаде простор за „дишење“ во кој треба да се одржат преговорите, па да се постигне договор, кој ќе биде корисен за сите“, вели Арун Сривастава, шеф на финансиските услуги во Лондон на правната компанија „Baker & McKenzie“.
Различни лоби групи на финансиската индустрија сакаат отстапки за да се минимизираат превирањата од „Brexit“, а меѓу нив се „TheCityUK“ и „Financial Services EU Taskforce“ создадена од претседателот на „Banco Santander“, Шрити Вадера, за да претставуваат некои од најголемите банки и осигурителни компании. Здружението на британските банкари пак работи со советниците од правните фирми „Clifford Chance“ и „Global Counsel“, вели запознаен извор.
Банкарите тврдат дека британската влада допрва треба да финализира кои административни институции ќе ја носат крајната одговорност за обликување на договор за финансиските услуги. Иако пратеникот Дејвид Дејвис беше натоварен со водењето на преговорите околу „Brexit“, Министерството за финансии на Филип Хамонд, традиционално е контактната точка помеѓу банките и Владата.