18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на фотографија на Димитар Чунговски - Чунга

Изложба на фотографија на Димитар Чунговски – Чунга

cunga 33

Во петок, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во организација на Фото клубот Куманово и Центарот ќе се отвори првата самостојна изложба на уметничка фотографија на авторот Димитар Чунговски – Чунга насловена како „Два света”.

Димитар Чунговски – Чунга е роден во Битола, 1979 година. Неговите почетоци во фотографијата се поврзани со рачната изработка на аналогна црно-бела фотографија уште на мала возраст, за време на основното образование.

После направената пауза за време на неговите студии, а со доаѓањето на дигиталната технологија, некаде во 2003 година тој продолжува да се занимава со фотографската уметност.

Активно членува во Фото Кино Клуб Битола од неговото формирање.

Учествувал на повеќе од педесет домашни и меѓународни групни изложби на фотографии каде што има освоено голем број награди и признанија. Ова е негова прва самостојна изложба во која се претставува со 40-тина фотографии.

Изложбата ќе биде поставена до 14 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП