19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTTIP: САД сакаат договор до крајот на годинава, Франција бара од ЕК...

TTIP: САД сакаат договор до крајот на годинава, Франција бара од ЕК прекин на преговорите

stoptitt

Белата куќа објави во вторникот вечерта дека уште се надева оти до крајот на годинава ќе го потпише договорот за слободна трговија со Европската унија, ткн, Трансантлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP) и покрај сомневањата кои го изразија изминатите деновиве германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел кој ги прогласи за пропаднати и францускиот претседател Франсоа Оланд, а Париз во средата објави дека од Европската комисија ќе бара да се прекинат преговорите.

„Нашиот став не се промени: и натаму работиме за до крајот на годинава да ги завршиме преговорите“, изјави во Вашингтон Џошуа Ернест, портпарол на американскиот претседател Барак Обама.

Одговарајќи на прашањето за изјавите на францускиот претседател Франсоа Оланд, Ернест истакна дека европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром е на иста линија како и САД, кога станува збор за продолжување на преговорите за TTIP.

Оланд во вторникот изјави дека Франција не сака да се „залажува“ дека договорот ќе биде постигнат до крајот на годинава и пред истекот на мандатот на актуелниот американски претседател Барак Обама.

Пред Оланд францускиот државен секретар за надворешна трговија Матиас Фекл рече дури рече дека француската влада во септември, на состанокот на европските министри за трговија во Братислава, ќе побара прекинување на овие преговори. „Неопходна е јасна, прецизна, конечна одредница“, рече Фекл.

Додаде дека „политичката поддршка за овие преговори во Франција нема повеќе“ и оти веќе во септември во Братислава има намера да им ја претстави оваа позиција на колегите од ЕУ. Откажувањето од продолжувањето на преговорите е предизвикано, според Фекл, од тоа што „САД не даваат ништи или даваат ронки“ и оти „ сојузниците не треба да преговорите на ваков начин“.

Портпаролот на ЕКЈ, Маргаритис Шинас, изјави дека Комисијата ги продолжува преговорите со САД и покрај ставот на Франција, и очекува нивни успешно завршување.

„Европската комисија и челниците на земјите членки на ЕУ јасно потврдија подготвеност за продолжување на преговорите“, изјави, пак, Мет МекЕјлвана, портпарол на специјалниот американски претставник за надворешна трговија Мајкл Фроман

Франција неодамна предупреди дека ќе ги прекине преговорите за TTIP доколку наскоро нема напредок. „Реков ланскиот септември дека, доколку нема напредок, би требало да ги прекинеме преговорите. Таа опција уште е на масата. Свесни сме дека некои земји скакаат договор по секоја цена во рокот што го диктираат американските избори. Тоа не е француски пристап“, изјави францускиот министер за трговија Матијас Фекл на 19-ти април, на маргините од конференцијата за TTIP во Париз.

Францускиот социјалистички претседател Франсоa Оланд, исто така, е против TTIP, во неговата изјава дадена на 14-ти април во телевизиското интервју за France 2. „Франција секогаш може да каже не. Доколку нема реципроцитет, доколку нема транспарентност, доколку има опасности за земјоделците, ако немаме пристап до јавните набавки во САД, а САД имаат пристап до сето она што ние овде го работиме, тогаш нема да се согласам“, вети Оланд кого следната година напролет го очекуваат претседателските избори, а популарноста му е рекордно ниска.

Шеесет француски социјалистички пратеници и сенатори апелираа на почетокот од април во напис во дневниот весник Le Monde францускиот парламент „да не биде замолчен“ по тоа прашање, критикувајќи го „недостигот од транспарентност“ во преговорите за TTIP. „Никој не знае што содржи TTIP, а оваа година би требало да биде склучен“, предупредија.

Германскиот вицеканцелар, министер за економија и претседател на коалициската во владата Социјалдемократска партија на Германија (SPD), Зигмар Габриел , во неделата во разговорот за јавниот телевизиски сервис ZDF преговорите меѓу Европската унија и САД за Трансантлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP) ги прогласи за пропаднати.

„Преговорите со САД дефакто се пропаднат, бидејќи ние како Европејци не смееме да потклекнеме пред американските барања“, изјави Габриел во разговорот за ZDF кој во целост ќе биде прикажан целосно во неделата навечер.

Најголемиот проблем и натаму се приватните арбитражни судови во случај на спорови со странските инвеститори на што инсистира американската страна. Европската страна, во што предничи германската влада, остро го отфрла воведувањето на специјални судови и бара јуриздикција на постојните трговски судови.

Габриел истовремено, и наспроти ставот на еден дел од својата партија, го брани сличниот договор со кој Европската унија во моментов преговара со Канада (CETА). „Расправата стана тешка во оној момент CETA и TTIP почнаа да се фрлаат во ист кош“, рече Габриел.

Во пресрет на последната рунда од преговорите за TTIP во мај, германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел рече дека Американците не сакаат да ги отворат своите јавни тендери за европските фирми и дека тоа е сосема спротивно на слободната трговија. Минатата недела во Њујорк беше отворена нова рунда од преговорите за овој договор, чија цел е формирање на најголемата зона на слободна трговија, со население од 800 милиони луѓе.

Финализирањето на договорот беше планирано за оваа година, но се чини дека разликите се премногу договор за да тие да може да се надминат до крајот на 2016-та. Критичарите на договорот предупредуваат дека тој би можел да ја загрози заштитата на потрошувачите и еколошките стандарди, како и да отвори можност мултинационалните компании да ги оспорат законите на државите пред некои арбитражни судови.

Од јули 2013 година зад затворени врати ЕУ преговара за TTIP, а во 2015 година требаше да биде разработен а потоа за половина година да биде одобрен од Европскиот парламент и националните парламенти на земјите потписнички на овој договор. Неговата цел е создавање на најголемата зона на слободна трговија во светот, со пазар од околу 820 милиони потрошувачи. Покрај САД и земјите од ЕУ, во договорот се вклучени и Канада, Мексико, Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка и Исланд, како и земји кандидати за членство во Европската унија.

Овој договор во Европа е многу критикуван, а се зголемува и бројот на неговите противници, како и во САД, поради стравувањата на Европејците дека ќе доведе до намалување на стандардите во заштитата на потрошувачите, заштитата на природната средината. Една од најголемите контроверзии е преговорите е заштитата на инвеститорите, бидејќи Американците сакаат на некој начин да ги заобиколат државите членки на ЕУ и евентуалните спорови околу заштитата на вложувањата да се решаваат со арбитражен механизам надвор од контролата на државите членки.

Меѓутоа, покрај негодувањата во земјите од ЕУ искажани со големи протесни собири низ европските престолнини, скептицизмот расте и во САД. Така само 17 отсто Германци и 15 отсто Американци во мај годинава сметаа дека TTIP е „нешто добро“, наспроти повеќе до 50 проценти во 2014 година, според испитувањето на јавното мнение на фондацијата Bertelsmann, кое беше објавено пред десетина дена непосредно пред посетата на американскиот претседател Барак Обама на Хановер, каде што со челниците на главните членки на ЕУ ги промовираше споменатиот договор./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП