Владата на Грција од денеска започнува нов круг преговори со меѓународните кредитори за да ја добие следната транша од 2,8 милијарди евра финансиска помош по линија на доделување на земјата.
Медиумите коментираат дека владата се соочува со нова битка со Брисел и дека нејзиниот почеток е денес со средба на економскиот тим во Брисел на чело со министерот за финансии Евклидис Цакалотос, за да го подготви теренот за Еврогрупата на 9-ти септември.
Грчката страна ќе има и други средби, на кои ќе бидат дискутирани преостанатите прашања на кои треба да биде постигнат договор за да се дојде до деблокирање на следната транша од 2,8 милијарди евра од третиот пакет финансиска помош.
Набљудувачите го одредуваат претстојното договарање на оваа транша како исклучително тешка за кабинетот на Ципрас, кој во септември треба да ги исполни 20-те мерки препишани од кредиторите, а исто така и други уште 15, најдоцна до 31-та октомври, за да ги добие овие пари.
Повеќето од мерките, барани од кредиторите, се оценуваат како исклучително болни, бидејќи се однесуваат на промени поврзани со работните односи и законите, платите во државната администрација, решавањето на проблемот со лошите кредити, реформите во образованието и приватизацијата.
Весникот „Катимерини“ неодамна предвиде дека поради тешкотиите кои претстојат со кредиторите, владејачката коалиција може да биде принудена да прибегне кон нови предвремени избори пред крајот на годината.
Во меѓувреме започна одбројувањето за 7,5 милиони даночни обврзници во Грција, сопственици на имот кои до крајот на 30-ти септември треба да ја платат првата од петте придонеси по данок за сопственост на недвижности, пишува „Нафтемборики“.
Многумина од Грците очекува да добијат писма за повисоки даноци. Петте рати, по една секој месец треба да бидат исплатени до крајот на годината.
Данокот на Имот буди страв и ужас кај голем број сопственици, а и владата исто така е загрижена, но гледа на овој изменет данок, како на „мана небесна“, бидејќи се потпира на него да ја наполни државната каса и да покрие широка дупка во приходите за дел од буџетот.
Медимите сметаат дека премиерот Алексис Ципрас е можно да донесе големо изненадување и да излезе со предлог за нова промена поврзана со овој данок, која ќе ја претстави на отворањето на последователното издание на меѓународниот солунски саем, на кој традиционално се прави биланс од управувањето на владата.
Од една страна, владината коалиција силно се надева на овој данок на Имот наречен скратено „ЕНФИА“, за да се ослободи од механизмот за намалување на државните трошоци и да остане на власт, за кој инсистираат меѓународните кредитори на земјата, но од друга страна, бара можност, за да парира на острата реакција на општеството поради исраќаните електронски писма во врска со овој данок од страна на власта, коментираат весниците.