3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе го намали јавниот долг

Германија ќе го намали јавниот долг

berlin1

Германското министерство за финансии предвидува долгорочен буџетски план за намалување на јавниот долг на земјата од актуелните 80,5 проценти од БДП, на 69 проценти од БДП до крајот на 2017 година.

Значителното намалување на долгот ќе биде возможно кога земјата ќе го избалансира својот буџет и ќе го намали нивото на нови задолжувања, се наведува во соопштението од министерството, а пренесува агенцијата АП.

Се очекува дека буџетскиот дефицит на Германија за оваа година ќе изнесува околу 0,5 проценти од БДП, што е значително под границита на ЕУ од три проценти.

Оваа изјава покажува дека постојат големи разлики меѓу Германија, како најголема европска економија и одделни други членки на европскиот блок, од кои пет беа принудени да бараат пакет помош подари влошувањето на јавните финансии.

Германија до сега успеа да ја издржи финансиската криза, остварувајќи скромен економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП