10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија, Италија и Франција велат дека ЕУ мора да оди натаму по...

Германија, Италија и Франција велат дека ЕУ мора да оди натаму по Brexit

breg

Германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Матео Ренци и францускиот претседател Франсоа Оланд, ја повикаа во понеделникот Европската унија на вонредниот самит на 16-ти септември во Братислава да пронајде нов залет по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, како и да им го сврти грбот на популистите кои го обвинуваат Брисел за сите проблеми.

Говорејќи на носачот на авиони „Гарибалди“, крај италијанскиот остров Вентотене, Меркел, Ренци и Оланд повикаа на поблиска соработка во сферата на безбедноста и подобрите можности за младите во Европската унија.

На состанокот полн со симболика, како што оценува AFP, тројцата челници го посетија Вентотене за да положат венец на гробот на Алтиеро Спинели, италијански интелектуалец кој заговараше федерална Европа. Потоа се качија на „Гарибалди“, носач на авиони кој учествува во мисијата на ЕУ во борбата против трговијата со луѓе.

Меркел со средбата со Ренци и Оланд во Италија ја започна серијата состаноци со државниците од земјите на Европската унија во чиишто рамки во сабота во Месеберг крај Берлин треба да се сретне со техничкиот претседател на хрватската влада Тихомир Орешковиќ, а потоа ќе патува во четири земји, а ќе биде домаќин на државници од уште шест земји.

„Оваа работна седмица на кацеларката Ангела Меркел е во знакот на разговорите за Европската унија“, изјави портпаролот на германската сојузна влада Штефан Зајберт, пренесе агенцијата DPA. Цел на разговорите е подготовка за неофицијалниот самит на Европската унија кој на 16-ти септември треба да се одржи во Братислава.

На заедничката прес конференција со Ренци и Оланд, Меркел рече дека ЕУ треба да стори повеќе за да ја гарантира и внатрешната и надворешната безбедност соочена со опасноста од тероризмот. „Чувствуваме дека сме соочени со исламскиот тероризам, соочени со граѓанската војна во Сирија, дека мораме да сториме повеќе за нашата внатрешна и надворешна безбедност“, рече германската канцеларка.

Ренци кажа дека многу популисти „Европа ја сметаат за одговорна за сé што тргна наопаку. Имиграцијата – виновна е Европа, економијата е лоша – виновна е Европа. Но тоа не е така“. Италијанскиот премиер нагласи дека и покрај излегувањето на Велика Британија со Европа (ЕУ – з.р.) „не е готово“. Ренци додадеа дека „многумина мислеа дека по Брекзитот со Европа ќе биде завршено. Тоа не е така“.

Меркел се надоврза и рече дека и таа и нејзините колеги „ја почитуваат одлуката на Велика Британија“, но дека, исто така, сакаат и „сигурна и просперитетна Европа“.

Меѓутоа, како Европската унија, за којашто челниците на водечките земји го користат сé почесто само поимот Европа, да се направи просперитетна, ги подели сега трите водечки земји на Унијата. Италија и Франција, кои имаат лево центристички влади, сакаат поголема флексибилност за која сметаат дека може да му помогне на економскиот раст, додека Германија во чијашто ткн „голема влада“ главниот збор го водат конзервативците, смета дека буџетските правила на ЕУ мора строго да се почитуваат.

Оланд нагласи дека е потребно ЕУ да се заштити од насилството со јакнење на границите и со размена на разузнавачки податоци. „За да имаме безбедност, мораме да имаме граници кои можат да се контролираат, затоа да работиме на јакнењето на заштитата на границите. Сакаме и поголема координација во борбата против тероризмот“, рече Оланд според кого најголемиот ризик за ЕУ е фрагментацијата, егоизмот и поделбите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП