24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемите инвестициски банки на Островот се подготвуваат за „бегање“?

Големите инвестициски банки на Островот се подготвуваат за „бегање“?

bankicki3535

Големите инвестициски банки во Велика Британија, кои имаат централи во Лондон, во следните недели ќе започнат со процесот на преместување на работни места од Островот поради „Brexit“, пишува „Bloomberg“.

Тоа е значително побрзо во споредба со јавните апели за трпение, велат извори на новинската агенција, запознаени со плановите на четири големи банки во земјата.

Раководствата се подготват за најлошото поради доцнењето во подготовката на јасен план за заштита на статусот на Британија како глобален финансиски центар поради заминувањето од Европската унија (ЕУ). Нивните главни проблеми се поврзани со тоа што ќе им се наложи да вадат лиценци за работа во ЕУ, доколку нивните централи останат во Велика Британија.

Банките сакаат да побрзаат со процесот за преместување и затоа регулаторите на Островот треба да го одобрат тоа. Така тие ќе ги преселат централите во рамките на двегодишниот период утврден во Договорот за ЕУ ​​како краен рок за напуштање на Унијата.

Раководствата на доверителите се обесхрабрени поради сфаќањето на министри од новата влада дека Велика Британија ќе продолжи да се искористат придобивките на единствениот пазар, така што ќе наметне ограничувања на слободното движење на луѓе од ЕУ – главниот столб на Унијата.

Во предвид дека соодветните дестинации за преместување на банкарски централи не се многу, а во истите градови има и недостиг на соодветни канцелариски простор, банките се натпреваруваат и меѓусебно за најдобрите канцеларии за илјадниците вработени кои ќе ги преместат од Британија. Тие сакаат исто така да се бидат први во редот за одобрување од локалните регулатори, со оглед дека се очекува прилично инвестициски банки, исто така да бараат дозвола за работа.

Изолирањето на Лондон од ЕУ е најсериозен проблем за банките од „Wall Street“, бидејќи нивните клиенти од Унијата генерираат суштински дел од нивните приходи и добивки. Над четири петтини од персоналот на овие финансиски институции се концентрирани во Велика Британија, покажуваат податоците на експертската група „New Financial“.

Уште пред референдумот за „Brexit“ главниот извршен директор на „JPMorgan Chase & Co.“, Џејми Димон коментираше дека може да премести околу 4.000 лица од Британија во континентална Европа, во случај ако земјата ја напушти ЕУ. „Goldman Sachs Group Inc.“ и „Citigroup Inc.“ исто индицираат дека ќе пренесуваат луѓе во странство, како и европските гиганти „HSBC Holdings Plc“ и „Deutsche Bank AG“, кои се насочуваат кон Германија и Франција.

По референдумот раководствата на банките ги намалија тензиите, така што одлучија да ја почекаат одлуката на новата британска влада за почеток на преговорите со ЕУ.

Дури и да прогласат преместување на централите сепак, тоа не значи дека вработените веднаш ќе треба да ги спакуваат куферите. Прво ќе треба создавање на нова структура во избраната земја од ЕУ, во која ќе се пресели седиштето на банката, како и дозвола од локалниот регулатор за активност. Потоа треба да се воведат внатрешни правила за капиталните барања, а овој процес може да потрае неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП