28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт го одбрани златото на 100 метри

Болт го одбрани златото на 100 метри

bolt-juse

Најбрзиот човек на сите времиња Јусеин Болт стана првиот атлетичар кој освоил златни медали во спринт на три последовни олимпијади.

Болт во финалето на ОИ во Рио де Жанеиро го одбрани златото од Лондон (2012) и Пекинг (2008) со резултат 9,81 секунди.

Со овој резултат Болт, кој пред олимпијадата се мачаше со повредата, покажа дека нема конкуренција во оваа дисциплина.

Болт го освои седмиот златен олимписки медал, а по трката на 100 метри, тој ќе ги брани златните медали од Лондон и Пекинг и на 200 метри, односно штафетата 4×100 метри.

Покрај Болт медали на 100 метри освоија Американецот Џастин Гетлин (9,89 секунди) и Канѓанецот Андре Де Грас (9,91).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП