27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа подолг живот заменети ги животинските протеини со растителни

За подолг живот заменети ги животинските протеини со растителни

hrana 353900

Сите протеини не се создадени еднакви, покажува најновото истражување коешто го објави Хардвардскиот медицински колеџ во Бостон, во американската сојузна држава Масачусетс.

Студијата покажала дека со секое 10-процентно зголемување на внесувањето во организмот на протеини од животинско потекло, ризикот од прерана смртност се зголемува за 2 отсто, доколку се земе превид начинот на живеење, физичките активности, консумирањето алкохол и тутун, и дебелината.

Тоа значи дека изворот на протеините значително влијае врз здравјето, според проучувањето во текот на коешто научниците го следеле здравјето на 85.013 жени и 46.329 мажи во текот на 32, односно 26 години.

Се истакнува дека влијанието на протеините е уште посилно изразено меѓу дебелите луѓе или лицата коишто повеќе консумираат алкохол.

Според наодите на истражувањето, 36.115 испитаниците починале, и тоа 8.851 од кардиоваскуларни заболувања, 13.159 од рак и 14.105 од други болест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП