2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе ги користете овие намирници доколку се потите премногу

Не ги користете овие намирници доколку се потите премногу

frische Leber

Научниците сеуште не можат да откријат зошто ни се случуваат сите непријатни телесни мириси, но за оние за кои знаеме има решение…

Дали понекогаш имате проблем со претерано потење и непријатни телесни мириси, а нема посебна причина за тоа? Можеби проблемот е во храната која сте ја изеле. Најчестите намирници кои предизвикуваат непријатни мириси се следниве…

Алкохол

Освен што има лошо влијание на нашето здравје, алкохолот може да биде заслужен и за непријатните телесни мириси. Кога пиете алкохол, поголемиот дел поминува низ црниот дроб, но околу десет проценти од телото се исфрла преку потењето, урината и лошиот здив и предизвикува зголемено потење.

Лук

Тој е исклучително здрав и идеален за лекувањето на настинка, но кога ќе го изедете, неговиот мирис излегува од сите пори од вашето тело.

Месо

Едно од истражувањата во Прага покажа дека веганите имаат помал проблем со непријатните мириси на телото отколку луѓето кои често конзумираат месо.

Цвекло, спанаќ

Храната полна со метил, како што е спанаќот, цвеклото и производите од соја, ослободуваат триметиламин, кој се излачува преку потта и нема баш пријатен мирис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП