3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Новица Трајковски во Кавадарци

Изложба на Новица Трајковски во Кавадарци

dom kavadarci 3353

Изложба на познатиот македонски ликовен уметник Новица Трајковски, под наслов „Од очите на ангелот“, ќе биде отворена во петок, со почеток од 20.30 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.

Новица Трајковски е роден 1962 г. во Илинден, Скопско. Неговата едукација започнува со Средното уметничко училиште во Скопје и продолжува со Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот – сликарство во класата на професорите: Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов, којшто го завршува 1988г. Член е на ДЛУМ. Досега има реализирано над 40-сетина самостојни изложби во Македонија и странство како и учество на многу групни ликовни изложби, проекти и колонии од државен и меѓународен карактер.

Во најновиот циклус на слики “Од очите на ангелот“, изработени од академскиот уметник Новица Трајковски, воочуваме напор за креирање на еден духовен понтонски мост којшто треба инстантно да се инсталира меѓу поставените дела и набљудувачот и во еден момент да се добие чувство за поврзување на човечкото со божественото.

Самата идеја во основа претставува голем предизвик, но се чини дека авторот Новица Трајковски, иако интуитивно, сосема исправно го трасира патот кон реализација на оваа замисла сугерирајќи ја траекторијата на контактот на база на секојдневните човечки искуства меѓу кои и воспоставување на првичната комуникација со помош на очите (поот), без зборови, само со израз на лицето коешто кажува за состојбата на душата пред да биде кажан и еден збор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП