5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Јанче се одржа манифестацијата Питијада 2016

Во Јанче се одржа манифестацијата Питијада 2016

pitijada jance 33

Во рамките на годинашниот Летен културен бран, изминатиов викенд во селото Јанче, општина Маврово Ростуше по деветти пат се одржа традиционалната манифестација за изборна на најдобрата пита од Мавровоско-реканскиот регион Питијада 2016.

На годинешната Питијада учествуваа повеќе од триесет домаќинки од оваа општина, а за најдобра пита е избрана питата подготвена од Мевлуда Адемоска од село Јанче, додека втората и третата награда ги добија Емина Симоновска од Ростуше и Џемила Иса од Аџиевци.

Градоначалникот на општината, Мукрем Мехмеди, поздравувајќи го големиот број осетители на оваа манифестација, меѓу кои имаше и многубројни туристи од повеќе градови на земјата, рече дека манифестацијата има, во прв ред, цел да ги сочува традициите на исхраната на населението од овој убав предел на Македонија.

Покрај Питијадата, која ја подржува Министерството за култура, беше организирана и посета на водопадите на Дуф за големиот број туристи, а во административниот центар на општината Ростуше се одржа и драмска претставата и богата музичка програма.

Насер Хот, од Агенцијата за потикнување на развојот на туризмот, оцени дека овие активности влијаат позитивно во развојот на туризмот во овој западен регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП