Владимирските илинденски средби и оваа година ќе понудат богата културно-уметничка програма, штандови со ракотворби, здрава храна и кулинарски специјалитети од овој крај и вечерна игранка на отворено какви што пред децении се правеле во центарот на селото.
Манифестацијата веќе прераснува во традиција и културно наследство за идните генерации со што центарот на културните збиднувања во Општина Берово во периодот од 30 јули до 2 август е Владимирово каде ќе се одржат Владимирските илинденски средби под мотото „Ладимерци дека и да сте, за Илинден дома да сте“.
Истата финансиски е поддржана од страна на Општина Берово преку програмата за култура, додека организатор и покровител е здружението “Владимирски Илинденски Средби“.