25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБРД: Туризмот како покренувачка сила на земјите од ЈИЕ

ЕБРД: Туризмот како покренувачка сила на земјите од ЈИЕ

odmor 333

Регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) во следните години може да очекува нов раст на туристичкиот сектор, кој е исклучително важен извор на приходи, е заклучокот на два научни труда на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Во светот на безбедносни ризици на другите популарни туристички пазари, регионот на ЈИЕ може да очекува понатамошен раст на туризмот во годините што престојат“, се наведува од едното истражување на ЕБРД.

Туризмот е еден од клучните извори на економска активност во многу држави на ЈИЕ, со оглед дека приходите од доаѓањето на странските туристи чинат преку пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Црна Гора, Хрватска, Албанија, Кипар, Бугарија и Грција, се наведува во соопштението на ЕБРД.

Во тој регион од 2014 година се регистрирани 59 милиони туристи, што е речиси 25 отсто повеќе во однос на 2010 година, а придонесува кон тоа тој сектор да стане клучен извор на вработувања.

„Со оглед на важноста на туризмот за економијата на земјите од ЈИЕ, нема место за опуштање“, се наведува во едната студија на ЕБРД.

Истражувањето на Светскиот економски форум покажа дека земјите од тој регион значително заостануваат зад водечките туристички дестинации како што се Шпанија, Франција, Италија и Португалија, па така само Грција, Хрватска и Кипар се најдоа меѓу 40 водечки туристички дестинации во светот, заземајќи го 31, 33 и 36 место.

Во еден од извештаите на ЕБРД се додава дека постои простор за напредок во многу области, како што се ценовната конкурентност, деловното опкружување и инфраструктурниот развој.

Инфраструктурата, како што се наведува во извештајот, е клучниот сектор за потенцијалните кинески инвестиции во регионот на ЈИЕ.

„Во претходните години Кина стана водечки спонзор на клучните проекти во областа на сообраќајот и енергетиката во овој регион“, се наведува во истражувањето.

Покрај инфраструктурните и директните странски инвестиции, ЈИЕ исто така имала бенефит од развојот на трговските односи.

Извозот на земјите на ЈИЕ во Кина во периодот од 2004 до 2014 година е зголемен седум пати, од околу 320 милиони УСД на 2,2 милијарди УСД, додека увозот од Кина се удвоил од пет милијарди американски долари на 11 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП