2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина планира да изгради уште 30 илјади километри пруга

Кина планира да изгради уште 30 илјади километри пруга

CHINA-ECONOMY-OUTPUT

Кина планира да изгради 30 илјади километри пруга до крајот на 2020 година, соопшти Министерството за сообраќај, со што вкупната должина на железница во државата би достигнало 150 илјади километри.

„Околу 11 илјади километри од споменатата железница ќе бидат за возови со големи брзини, со што вкупната должина на брзите пруги ќе достигне околу 30 илјади километри“, рече заменик директорот на Одделението за планирање во Министерството за сообраќај Џанг Давеи.

Според него, ќе биде забрзана изградбата на железничка мрежа во централните и западните делови на Кина, со што ќе зајакне експанзијата на меѓуградските и приградските железнички поврзувања.

Националниот комитет за развој и реформи оваа недела објави државен план за развој на железниците кој предвидува должината на железницата во Кина до крајот на 2025 година да изнесува 175 илјади километри.

Според тој план, Кина тогаш ќе има 38 илјади километри брзи пруги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП