7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНедела на разновидна културна програма во Ресен

Недела на разновидна културна програма во Ресен

култура-ресен

„Откровение во бои“ е насловот на изложбата на икони која вечерва треба да биде отворена во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен. Изложбата ќе понуди околу 25 дела од братот и сестрата Златко и Соња Лечковски, кои ќе и бидат достапни на публиката во ресенскиот Сарај во наредните седум дена.

„Иконата е писмо напишано со бои, наместо со букви. Иконографијата е мојата пасија, а своја душа низ иконите сум оставил насекаде низ светот, во цркви, манастири и домови. Во мојата иконографска кариера сум изработил над 1000 дела. Надвор од иконографијата, историјата е мојата определба“ вели иконографот Златко Лечковски.

Веќе во среда, пред ресенската публика ќе настапат актерите од драмското студио „Солза и смеа“ од Битола, со нивната последна премиера „Разбуди се Като“. Оваа претстава во Битола предизвика огромен интерес

„Во лето кога во Преспа ни доаѓаат и голем број од нашите иселеници, сакаме да ја збогатиме културната програма и да понудиме за секого по нешто-историја, традиција, култура, но и хумор. Затоа во текот на оваа недела, но и за време на викендот, Домот на културата организира неколку настани со кои го подигнува нивото на квалитет на културна понуда во регионот“рече директорот на Домот на културата во Ресен, Васко Василевски.

Ден потоа, во четврток, на 28 јули, повторно во Сарајот, ќе биде одржана поетско – музичка вечер „Љубовта како двигател во македонската поезија и музика“, на која ќе биде претставена дел од поезијата на младиот поет Филип Димкоски од Прилеп, со учество на група млади музички уметници од Преспанскиот крај.

Настаните се одржуваат во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен, под покровителство на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, а се поддржани од Министерството за култура на РМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП