7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Ангел Миов во Прилеп

Изложба на Ангел Миов во Прилеп

ангел-мио

Денес, во 20 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп ќе биде отворена деветтата самостојна изложба на авторот Ангел Миов насловена како „Во црно на бела позадина со рака нацртана слика “.

Самиот наслов првично е изведен од дефиницијата за цртеж на веб страната (http://www.makedonski.info/show/цртеж/м) Дигитален речник на македонскиот јазик.

Колку и да е апсурдна а во исто време конкретна оваа дефиниција нуди материјал за промена на контекстот и значењето на делата. Изложбата е продолжение на претходните изложби “Повлечи ги конците…” и “Исечи ги конците…” но овој пат двозначноста (или повеќезначноста) се сугерирани во насловот на секое дело и алудираат на игра од зборови и поими кои го дообјаснуваат или комплицираат контекстот…

Ангел Миов организирал повеќе самостојни изложби, а учествувал и на бројни групни изложби во земјава и во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП