18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордни средства привлекоа европските фондови за ризичен капитал

Рекордни средства привлекоа европските фондови за ризичен капитал

pari 3535

Европските фондови за ризичен капитал привлекоа рекордни средства во првата половина од 2016-та година, пишува „CNBC“. Волуменот на капиталот, инвестиран во технолошки стартапи во регионот, сепак се распадна, а трансакциите во Велика Британија и Ирска достигнаа петгодишно дно поради несигурноста околу „Brexit“, покажуваат новите податоци презентирани вчера.

Инвеститорите во Европа привлекле 6,6 милијарди евра во 34 фондови за ризичен капитал, што претставува раст од 63% на годишна основа. Ова е највисоката сума за шестмесечен период, посочува „Pitchbook“, компанија за податоци и студии, која ги следи пазарите за вложување и приватен капитал.

Pitchbook - VC investments 1H 2016

И покрај растот на собраните средства, инвеститорите очигледно вложуваат пари се повнимателно. Вкупниот капитал инвестиран во европски стартапи, се распадна за 27% на годишно ниво до 5,42 милијарди евра во првата половина од 2016-та година.

„На континентот протокот на трансакции повторно забележува опаѓање, што се должи на континуираните проблеми околу економскиот раст и политичките превирања во кои „Brexit“ игра значајна улога“, вели Гарет Блек, виш аналитичар во „Pitchbook“ за „CNBC“.

Стартапите во рана фаза чувствуваат најголем притисок. Во првата половина од годината имало само 346 почетни финансирани што е најмалиот волумен од втората половина на 2008-ма година. Европските компании кои се во подоцнежна фаза на развој, исто така страдаат, а тие го поминале периодот само во 193 донаторски круга во шестте месеци до крајот на јуни, земајќи го во предвид падот од 35% на годишна основа.

Pitchbook - exits 1H 2016

Голем дел од несигурноста околу британското гласање за напуштање на ЕУ и пошироката макроекономска средина во Европа се главните причини за падот. Тоа ги натера менаџерите на фондовите за ризичен капитал да станат повнимателни при изборот на трансакција.

„За многу стартапи финансирањето во моментов ќе вклучува планирање на потенцијален банкрот или барем создавањето на флексибилност која ќе зависи од тоа како ќе поминат преговорите за излегувањето на Британија од ЕУ. Некои трансакции може да не бидат постигнати, но временската линија за „Brexit“ се одложува, а последиците се доволно несигурни, за да им овозможат на фондовите за ризичен капитал да финансираат она што сметаат дека вреди“, вели Блек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП