28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Шпанија може да биде казнета поради дефицитот, а други земји –...

Зошто Шпанија може да биде казнета поради дефицитот, а други земји – не?

Detail of Palacio de Comunicaciones at Plaza de Cibeles in Madri

Шпанија може легитимно да тврди дека е жртва на неуспешните моменти и произволното спроведување на правилата, коментира „Bloomberg“.

Согласно регулативите на Европската унија (ЕУ), земјите мора да го задржат буџетскиот дефицит на ниво под 3% од бруто домашниот производ. Ова е важно сега повеќе од било кога, бидејќи постојаните прекршувања на буџетските правила на ЕУ доведоа до пад на довербата кон блокот и валутата – евро. Она што сега е најпотребно за еврозоната во моментов е уверување дека ќе преживее.

Шпанија го нарушува ова правило секоја година од 2008-ма година – вкупно осум пати. Со оглед на фактот дека во соседна Португалија тоа е случено 15 пати, не е сосема изненадувачки дека двете земји се на пат да станат првите земји од ЕУ, кои ќе бидат казнети поради прекумерен дефицит.

Тие сепак сигурно не се единствените кои не ги постигнуваат целите.

defi09

Податоците на Еуростат од 1999-та година, анализирани од германскиот институт „Ifo“, покажуваат дека Франција исто така не успеала да ја постигне целта од 3% вкупно 12 пати, а кај Италија и Германија тоа се случило, односно девет и седум пати. Ако ги поминете „дозволивите“ нарушувања – пропустите се прифатливи, ако една земја е во рецесија, бројот на Шпанија опаѓа до 4, на Португалија до 10, но на Франција останува 11, на Италија – 8, а на Германија – 5.

Зошто тогаш Шпанија и Португалија ќе бидат казнети? Според европските власти двете земји не успеаја да направат „значителни“ напори за да ги намалат соодветните дефицити, а реалните податоци за овој параметар се оддалечуваат најмногу од целта. А ова се случува, откако ЕУ ги зајакна фискалните правила како последица на кризата. Неисполнувањето на целите сега е од поголемо значење отколку пред пет години, кога земјите добија поголема слобода во однос на дефицитите. Денес на тоа се должи и фокусот на сторителите.

А сепак тоа не го објаснува сосема случајот со Франција. Земјата, чиј дефицит е на ниво од 3,5% од производството во минатата година, исто така ја промаши целта на ЕУ, и тоа секоја година од 2010-та година. Сепак, Европската комисија и дала на француската влада повеќе време пред да размислува за казни.

defi0777

„Можеме да научиме важна лекција од она што се случува со Шпанија. Француската влада секогаш успева да направи некакво ветување за дополнителни мерки и јасно е прикажано пред комисијата дека има за приоритет раст над дефицитот. Шпанија, како четврта најголема економија во еврозоната, можеше да биде малку поцврста“, вели Винченцо Скарпета, политички аналитичар во истражувачкиот институт „Open Europe“ во Лондон.

Генерално ЕУ има покажувано попустливост доста пати. Од 1999-та година земјите не успевале да ги почитуваат целите за дефицитот вкупно 165 пати, покажува „Ifo“, од кои 114 пати не биле покриени од исклучокот за рецесија. Ако работите се погледнат токму од овој агол, Франција се покажува како најголемиот прекршител во блокот, дури и пред Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП