18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворена изложба на 13 македонски ликовни уметници во Пловдив

Отворена изложба на 13 македонски ликовни уметници во Пловдив

изло

Во бугарскот град Пловдив во четвртокот вечерта беше отворена ликовна изложба, на која изложуваат тринаесет македонски ликовни уметници, обединети во концепцијата „Конекција 2″, а посетителите изложбата ќе можат да ја видат до 15-ти август годинава.

Балабановата куќа, еден од најпознатите музејско-галериски простори во Стар Пловдив, беше домаќин на настанот што беше во организација на Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија.

Пред голем број посетители, изложбата за отворена ја прогласија Валериј Ќорленски од Општинската фондација „Пловдив 2019″ и Васко Шутаров, директор на македонскиот Центар во Софија. На изложбата беа присутни и амбасадорот на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев и конзулот Ненад Младеновиќ.

Ова е второ претставување на КИЦ на Македонија во Софија во Пловдив, град што во 2019 година ќе биде Европска престолнина на културата.

Директорот на Општинскиот инситут „Стар Пловдив”, Минко Кафтански и уредникот на програмата на „Балабановата куќа” Димитрина Петрова, по овој повод го изразија задоволството од заемната соработка со македонскиот културен Центар во Софија и подготвеноста за претставување на македонската култура со други содржини во наредниот период.

Изложбата „Конекција 2″ беше отворена со одбележување на националниот празник на Франција -14 јули, со дела во кои претежно доминира француска тематика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП