27 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАОригинална партитура на Бах продадена за 2,5 млн фунти

Оригинална партитура на Бах продадена за 2,5 млн фунти

partitura

Ретка оригиналната партитура која своерачно ја напишал славниот германски композитор Јохан Себастијан Бах (1685 – 1750) е продадена за 2,5 милиони фунти на наддавање во лондонската аукциска куќа Christie’s.

Партитурата за прелудиум, фуга и алегро во Е дур, BWM 998 е настаната меѓу 1735 и 1740 година.

Вредноста на партитурата, која на продажба првпат била понудена во 1969 година, беше проценета на 1,5 до 2,5 милиони фунти.

„Се верува дека во приватни раце се само десетина комплетни партитури на Бах“, објави Christie’s на својата интернет страници.

Оваа која е продадена на аукцијата е една од само трите инструментални дела, додава аукциската куќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП