15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најранливите земји во Источна Европа по Brexit?

Кои се најранливите земји во Источна Европа по Brexit?

istocna evropa 00

Источна Европа е регион кој може да загуби најмногу од излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), т.н. „Brexit“, сметаат аналитичарите. Некои земји во регионот, сепак се повеќе изложени на ризици од други, пишува „Bloomberg“.

Со отворањето на границите во ЕУ на Островот се упатија работници од различни земји од регионот – од балтичките држави до Бугарија. Европските средства ја поддржаа изградбата на патишта и мостови. Извозот се зголеми значително благодарение на слободната трговија.

Превирањата по британскиот референдум минатиот месец го загрозуваат сето тоа. Во позадина на несигурноста на иднината на 1,5 милиони источноевропејци, кои живеат во Велика Британија, на буџетот на ЕУ и на правилата за трговија, станува појасно кои земји се најмногу изложени на ризик.

Граѓани на земјите од Источна Европа во ЕУ (во илјади):

istocna evropa 03

„Литванија, Латвија, Унгарија и Полска се најмногу незаштитени од Brexit“, смета Арти Сакуџа, кредитен аналитичар во „S & P Global Ratings“. Таа ја посочува „нивната голема миграција на население, приливот од емигрантите, трговските врски и значењето на европските фондови за финансирање на инвестиции“.

Привлечени од повисоките плати и ниска невработеност, Полјаците и Романците го формираат најголемиот удел на имигранти на Островот од Источна Европа. Работниците од Полска, која е најголемата источна членка на Унијата со население од 38 милиони луѓе почнаа да пристигнуваат во Велика Британија по влезот на земјата во блокот во 2004-та година, додека Романците (како и Бугарите) добија слободен пристап до пазарот на трудот во 2014-та година.

Со оглед на политичките превирања на Островот, нивната судбина, и воопшто иднината на принципот на слободно движење во ЕУ, останува нејасно.

Иако Полјаците во Велика Британија испратија најмногу пари кон татковината – 1,2 милијарди долари годишно, тие сепак формираат мал удел од економијата на земјата во вредност од 471 милијарди долари. Приливот од емигрантите се важен фактор за земји како Летонија, каде бруто домашниот производ е помалку од една десетина од полскиот.

Емигрантски финансиски приливи од Британија (во милиони долари годишно):

istocna evropa 01

Во однос на трговијата Чешка и Латвија реализира најголем извоз за Велика Британија – по околу 4% секоја, пресметува „S & P“. Сепак, тоа е малку веројатно да се случи шок по овој канал, бидејќи регионот во голема мера зависи од други трговски партнери во блокот, сметаат во „Erste Group Bank AG“.

„Најсилното негативно влијание врз растот во Централна и Источна Европа нема да дојде од евентуално влошување на директните трговски односи со Велика Британија“, наведува банката во извештајот објавен на денот по референдумот. Како поголем ризик од банката ја посочуваат можноста за одложување на целата Унијата.

Последната непозната се европските фондови за развој. Овде изгледа Полска може да загуби најмногу, а земјата очекува 114,7 милијарди евра субвенции од ЕУ за периодот 2014-2020-та година. Не треба да се заборави дека, сепак, Велика Британија ќе продолжи да ја плаќа својата рата до конечниот излез од ЕУ за што ќе биде потребно најмалку две години.

Европски субвенции во буџетот 2014 – 2020-та година (во милијарди евра):

istocna evropa 02

„Клучното прашање на долг рок е дали ЕУ ќе го намали финансирањето за регионот по истекот на сегашниот буџет. Намалувањата на структурните и кохезионите трансфери може да бидат значителни, особено ако главните корисници заземаат поцврст став во трендот кон унилатерализмот во регионот “, коментира Сакуџа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП