17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на македонски уметници во "Балабановата Куќа" во Пловдив

Изложба на македонски уметници во “Балабановата Куќа” во Пловдив

конекција-2

Изложбата на уметници од ликовниот проект на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, наречен “Конекција 2”, ќе биде отворена во четврток во 18 часот во “Балабановата Куќа” во Пловдив.

Тринаесет ликовни уметници од Р. Македонија кои во моментов студираат или работат во Софија, ќе се претстават со преку 50 дела, работени во различни ликовни техники. На оваа изложба, премиерно претставена неодамна на Фестивал на Франкофонијата во Созопол, ќе можат да бидат видени дела, во голем дел со француска тематика.

Изложбата ќе биде отворена на денот на Националниот празник на Франција, во Пловдив-Европска престолнина културата за 2019 година, од директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров, директорот на Општинскиот институт “Стар Пловдив” Минко Кафтански и директорот на Општинската фондација “Пловдив 2019” Валери Ќорленски.

Ова е второ претставување на македонската ликовна уметност и култура во еден од најрепрезентативните и најпознати музејско-галериски простори во Бугарија, Балабановата Куќа, која во 2019 година кога Пловдив и официјално станува Европска престолнина на културата, ќе биде средиште на сите поважни европски културни претставувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП