10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина верува во иднината на ЕУ по Brexit

Кина верува во иднината на ЕУ по Brexit

кина-еу

Кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави во вторникот дека Кина се надева на посилна Европска унија и верува дека ќе продолжи да се развива и покрај одлуката на Велика Британија да ги напушти блокот.

„Кина решително го поддржува процесот на европските интеграции и верува дека развојот на ЕУ нема да биде прекинат, и посакува стабилна, напредна и силна Европска унија. Тоа одговара на соработката на ЕУ и Кина и, исто така, на кинеските интереси“, изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг во Пекинг на самитот со европските челници.

Претседателите на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и на Европскиот совет, Доналд Туск, допатуваа во вторникот во кинеската престолнина на дводневниот самит меѓу Европската унија и Кина, за кој се очекува дека ќе биде насочен на економските прашања.

Дводневниот самите ЕУ-Кина е првата средба на кинеските и европските челници, откако Велика Британија на референдумот од 23-ти јуни одлучи да излезе од Унијата.

Европските челници во Пекинг настојуваа да ги ублажат кинеските стравувања дека Brexit-от може да им наштети на меѓусебните економски односи и да предизвика економска нестабилност.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ја истакна важноста од почитувањето на меѓународните правила, кога станува збор за трговијата. ЕУ ја критикува Кина за наводна неправедна политика на заштита на кинеските компании, а на друга страна им ги скратувала пристапите на својот пазар и еднаквиот третман на европските компании. Пекинг децидно ги отфрла таквите обвинувања.

Туск, исто така, даде значење и на „разликите во ставовите“ меѓу Кина и ЕУ, во поглед на човековите права и владеењето на правото. „Ја истакнувам важноста којашто за ЕУ ја имаат медиумските слободи, слободата на изразувањето, здружувањето и собирањето, вклучително и малцинствата“, рече.

Кина предупредува дека прашањето на човековите права е нејзина внатрешна работа и дека другите држави би требало да се воздржуваат од изразувањето на своите ставови во тој поглед, како што тоа го прави официјален Пекинг.

Една од поглавните точки на дневниот ред на самитот ќе биде прогласувањето на Кина за пазарна економија, прашање коешто го разгледува ЕУ. Таквиот статус на Кина би ѝ ублажил некои од ограничувањата за извоз во ЕУ, а планира да го стекне оваа година врз основа на членството во Светската трговска организација (СТО – WTO), во која влезе во 2001 година. Статусот на пазарна економија на Кина би го олеснило докажувањето дека не ја поткопува светската конкуренција со субвенционирање на својот извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП