3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault го претстави Megane Sedan (фото+видео)

Renault го претстави Megane Sedan (фото+видео)

sedane megane 00

Откако ја претстави новата генерација „Megane“ во верзии хечбек и караван, француската компанија „Renault“ ја откри и третата модификација на моделот. Таа претставува седан, која го заменува на пазарот моделот „Fluence“.

sedane megane 01

„Renault Megane Sedan“ ги користи истите технологии и платформа, дебитирајќи со „Megane“ и „Megane Estate“. Дизајнот е исто така познат, а задниот дел е инспириран од големиот и скап седан „Talisman“. Стоп-светлото е „LED“ со 3D дизајн и „LED“ светла со специфичен светлосен потпис, како и на богато количество хром, кои му даваат на „Megane Sedan“ нагласено софистициран и динамичен изглед.

sedane megane 02

Од француската компанија прецизираат дека моделот нуди водечки во класата простор на задното седиште, а волуменот на багажникот достигнува 508 литри. Меѓу додатоците присуствува и безконтактното отворање и затворање на багажникот – преку движење со нога под браникот.

sedane megane 03

Погонот на седанот е аналоген со тој кај „Megane“ и „Megane Estate“. Достапни се 5 мотори – 2 бензински и 3 дизел. Бензинските развиваат 115 и 130 КС, а кај дизел моќноста е 90, 110 и 130 КС. Во зависност од моторот преносот може да биде 5- или 6-брзински мануелен. Достапни се и два автоматски – 6-степен и 7-степен со две спојки.

sedane megane 04

Во опремата се вклучени и дигитална инструмент-табла, инфо-систем со 8,7-инчен дисплеј, системот за персонализација на управувањето на автомобилот „Multi-Sense“, адаптивен автопилот, систем за автоматско паркирање, седишта со масажа и друго.

„Renault Megane Sedan“ ќе има официјална јавна премиера во Париз, а производството ќе се одвива во фабриката во Бурса, Турција. Моделот ќе се нуди на над 20 пазарот во светот, но засега не е позната цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП