5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦицањето на палците во детството ја намалува можноста од алергии

Цицањето на палците во детството ја намалува можноста од алергии

razvoj-na-govorot-kaj-decata-negativni-posledici-od-cicanje-na-palecot-1

Децата кои ги цицаат палци или ги грицкаат ноктите на кога се повозрасни се поотпорни на различните видови алергии, покажа студијата на научниците од новозеландскиот Универзитет Отаго.

Научниците за потребите на студијата следеле повеќе од илјада деца на возраст од 5, 7, 9 и 11 години, по што биле тестирани на различни алергии кога биле на возраст од 13 и на 32 години.

Истражувањето покажало дека 49 отсто од 13-годишниците кои не ги цицале палците или ги грицкале ноктите биле позитивни на барем една алергија. Кај оние, пак, коишто во раното детство имале барем една од споменатите навики за кои често ги прекоруваме, процентот позитивни на алергии бил 38 отсто, додека само 31 отсто биле позитивни во категоријата на оние кои и ги цицале палците и ги гризеле ноктите.

Исти резултати дало истражувањето на отпорност на алергиите, кое било изведено кога испитаниците биле тестирани на возраст од 32 години.

Според мислењето на новозеландските научници, резултатите одат во прилог на теоријата дека изложеноста на на микроорганизмите во раната животна возраст го намалува ризикот од појавувањето на различните алергии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП