22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Иднината на индустрискиот интернет на нештата

График на денот: Иднината на индустрискиот интернет на нештата

iin 00

Интернет на нештата често се маркетира како технолошки феномен, базиран на корисниците, кој ќе го комбинира потенцијалот на евтини сензори и големи податоци со огромна по обем интернет конекција, коментира „VisualCapitalist“.

Ветувањето на интернет на нештата кое е фокусирано на корисниците е визија да се промени како интеракцијата со предмети од секојдневниот живот. Кога луѓето зборуваат за интернет на нештата, често презентираат идеи како се поврзани со домовите, автомобилите или здравјето – концепти кои ќе го променат личниот однос на тоа како живееме.

Но малку под радарот се движи помалку привлечен сектор на интернет на нештата, кој сепак може да се покаже како најдобро ги трансформира – комбинацијата на интернет на нештата со апликации во индустријата, на пример рударство, нафта и гас, инфраструктура, воздухопловството, локомотиви, градови, земјоделство, производство и генерирање на енергија.

Тој се претставува како „индустриски интернет на нештата“ од гиганти како „GE“, „AT & T“, „Cisco“, „Intel“ и „IBM“, а економскиот раст како резултат на оваа индустриска интернет револуција може тотално да ги промени правилата на играта.

Можноста зад индустрискиот интернет на нештата е огромна и се мери во илјади милијарди долари.

iin 01

„GE“, на пример, очекува до 2030-та година индустрискиот интернет на нештата да додаде меѓу 10 и 15 илјади милијарди долари кон глобалниот БДП и значително да ја зголеми просечната добивка во светот.

Слично на претходните индустриски револуции, индустрискиот интернет на нештата ќе овозможи поголема автоматизација на пред се извршената работа претежно од луѓето, а тоа доведува до поголема продуктивност на инвестираните човечки часови.

Индустрискиот интернет на нештата може да се примени во различни сфери.

„Паметно земјоделство“: користење на огромни количини информации за приносите, мапирање на почвата, примена на ѓубривата, метеоролошките податоци, машините и здравјето на добитокот може да ја подобри профитабилноста и да ги намали трошоците во модерната земјоделска средина.

„Паметна енергија“: генерацијата на електрична енергија може да се подобри од комбинирањето на сензори, големи податоци и поврзување. Ветерните паркови, кои прават лесни механички корекции за искористување на мали промени, на пример брзината или правецот на ветрот, за да бидат поефикасни. И тоа е само една од најмалите можности на иднината.

iin 02

„Паметно производство“: користењето на индустрискиот интернет за фундаментални промени во начините на кои се измислуваат, произведуваат, испорачуваат и продаваат. Интелигентните мрежи ќе го напојуваат синџирот на додадена вредност – поврзување на луѓето, процесите и податоците и генерирање на нови најдобри практики.

„Паметни градови“: градовите може да добијат значително од поврзувањето на луѓе, процесите, податоците и работите. Градските средства како библиотеки, системи за транспорт, електраните, мрежите за водоснабдување, мрежите за управување со отпад, спроведувањето, болниците и други јавни услуги може да се негува заемно. Локалните влади можат да разберат што се случува на микро и макро ниво и како се развива градот.

iin 03

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП