20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 совети да останете во форма на работа

7 совети да останете во форма на работа

work3

Седењето во канцеларија за многумина е начин на живот, а заедно со стресот може да донесе несакани масни наслаги. Неколку едноставни чекори може да ви помогнат тоа да го спречите и со дополнителна активност во слободното време летото да го дочекате без несаканите килограми.

 

1. Наместо да им праќате на колегите мејлови кога ви требаат за нешто, пробајте да отидете неколку метри, до нив. Иако на прв поглед не се чини многу, тие неколку чекори се голема работа за вашата активност.

 

2. Избегнувајте високо калорични грицки и чај и кафе од автомат. Наместо тоа, наполнете ја фиоката со здрави грицки како што се бадеми, семки, суво грозје и друго сушено овошје. Исто така може да консумирате и свежо овошје и зеленчук, чај и кафе кои сами ќе ги подготвите, без шеќер се разбира.

 

3. Користете слушалки за телефонските повици. Така ќе можете да се движите низ канцеларијата додека разговарате. Настојувајте да одите барем 5 минути на секои два часа. На крајот од денот ќе излезе дека сте оделе 20 минути.

 

4. Еден од наједноставните начини за симнување на килограмите добиени поради работата со седење е да се консумира студена вода. Студената вода го забрзува метаболизмот и на тој начин ќе согорите дополнителни 100 калории и тоа само со седење. Ако на водата и додадете и малку свеж лимон, ќе добиете вкусен напиток без дополнителни калории.

 

5. Уште еден едноставен трик за согорување на калории е да се вртите на канцелариската столица. Секои 60 кругови согоруваат 50 калории. Стоењето наместо седењето исто така троши калории. Настојувајте секогаш да се движите додека работите, барем околу вашата работна маса.

 

6. Наместо да го чекате лифтот, користете ги скалите. Ако прескокнувате по две скали одеднаш, мускулите дополнително ќе ви работат.

 

7. Наместо да нарачувате пржена храна, обидете се самите да си подготвите ручек и да го носите на работа. На тој начин ќе јадете здраво и ќе заштедите време и пари. Стресната работа може да ги зголеми маснотиите во вашето тело, затоа без разлика колку сте зафатени, најдете време за себе и движете се додека сте во канцеларијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП