7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата под 48 долари, во фокусот прекумерното снабдување со деривати

Цените на нафтата под 48 долари, во фокусот прекумерното снабдување со деривати

nafta555

Цените на нафтата се лизнаа во понеделникот на меѓународните пазари под нивото од 48 долари, при што одлуката на Лондон да излезе од Европската унија падна во втор план, а во фокусот се најде прекумерното снабдување на пазарите со деривати.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 76 центи во однос на затворањето на тргувањето во петокот и изнесуваше 47,65 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 85 центи пониска цена, од 46, 79 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави во понеделникот дека цената на барелот референтна кошница нејзина нафта во петокот изнесувала 44,88 долари, што значи дека паднала за 1,28 долари во однос на претходниот трговски ден.

Во петокот цените на лондонскиот и на американскиот пазар паднаа за околу 5 отсто, а понира и цените на акциите на глобалните пазари, по неочекуваниот исход на референдумот за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Во понеделникот утрото цените на нафтата благо пораснаа, поткрепени од прогнозите на аналитичарите дека британското излегување од ЕУ многу слабо ќе влијае на физичкото тргување со нафта.

„Ако претпоставиме дека британскиот БДП поради одлуката за излегувањето ќе падне 2 отсто, што спаѓа меѓу најлошите процени на нашите економисти, побарувачката за нафта во Британија веројатно ќе се намали за 1 отсто или 16.000 барели дневно, што значи намалување на глобалната побарувачка за о,016 отсто. Тоа е извонредно малку“, се наведува во белешката на „Goldman Sachs“.

Челникот на Меѓународната агенција за енергија (IAE) Фат Бирол, исто така, го минимизира влијанието на Brexit врз светската побарувачка на нафта. „Имајќи предвид дека голем дел од побарувачка на нафта доаѓа од земјите во развојот, односно Азија, сметаме дека Brexit нема значително да влијае на нафтената побарувачка“, соопшти Бирол.

По краткотрајното закрепнување цените повторно тргнаа по надолна линија, откако во фокусот се најде зајакната заситеност на пазарите на нафтени производи.

„Краткорочно најмногу загрижува прекумерното снабдувањето со деривати, кинеската побарувачка, макроекономските изгледи и веројатното враќање на високото производство“, се наведува во белешката на аналитичарите „Morgan Stanley“.

Кинеските рафинерии на прекумерното снабдување со деривати на азискиот пазар одговорија со извозот на рекордните количества бензини и дизелски горива на регионалните пазари, придушувајќи ја со тоа заработката на рафинериите и преплавувајќи ги капацитетите за складирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП